По повод скандалозното интервју на Заев за БГНЕС, на својот Фејсбук профил се огласи и Димитар Апасиев, пратеник во Собранието и претседател на Левица.

Целосниот пост на Апасиев го пренесуваме во продолжение.

Прочитајте го ова скандалозно интервју на еден ПЛИТОК И НЕОБРАЗОВАН ЧОВЕК. Човек без онтологија. Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава

И потоа, отрезнете се со фактот дека тој одлучува за вас и за вашите најблиски. И излезете од апатичноста. И активирајте се политички (по можност у Левица

p.s. А ако сте член на СДС, можеби сега е најсоодветно време да си ги искинете членските и да им се извините на вашите дедовци-партизани кои се бореа за Југославија и кои сега се превртуваат во гробовите од поганите зборови на овој Северномакедонец.