Југославија некогаш беше поим за овие две држави: Како малата европска земја успеа да ги надмине овие две силни држави?
Иако Чешка овие денови се бори со коpонавирусот како и остатокот од светот, нејзината економија се проценува како успешна, со оглед дека таа земја низ неколку децении усеа да напредува многу чувствително, пред се кога станува збор за животот на граѓаните.
Чехословака се раздвои на Чешка и Словачка на 1. јануари 1993. година, и тогаш секоја од овие, сега независни земји, тргнува да формира свој пат.
Интересно е што старата Југославија за Чесите и Словаците некогаш беше поим за слобода и прогрес, а потоа на почетокот на 1990те години таа слика започна да се менува, кога државата составена од шест републики, се распадна.
Во меѓувреме, европската држава која помеѓу туристите најмногу ја прослави прекрасниот град Прага, успеа по БДП по глава на жител да ги надмине двете силни економии -Шпанија и Италија.
Оваа мала, посткомунистичка земја во последните година дена бележи БДП по жител во износ од 38.120 меѓународни долари, што е пресметано на основа на паритетот на куповната моќ.
Во Италија тој број е 37.905, а во Шпанија 36.086 долари.
Она што, меѓутоа не смее да се занемари е фактот дека за оваа анализа се земени податоци од 2020, година во која Шпаниј и Италија исклучително тешко беа погодени со коpона вирусот.
Сепак, ММФ оценува дека Чешка може да го задржи водството над овие земји и после кризата. Прогнозата е исто така, дека Чешка ќе го продолжи својот раст во наредните години, се додека не го заземе 25. место на светската листа на земји со најголем БДП по жител.
Ако може да се верува на оценките на ММФ, Чешка до 2025. година би можела да ги надмине Нов Зеланд и Јапонија, гледано по овој показател. Сепак, се е и понатаму неизвесно, имајќи во предвид дека исто како и остатокот од светот, и Чешка се бори против пандемијата со коpона вирусот.
