Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти.
Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти, смета бугарскиот министер за одбрана Kрасимир Kаракачанов..
Во он лајн настап на едно македонско радио , Каракачанов се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите.
Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.
