Дијабетисот е многу честа болест,а најголем нејзин предизвикувач е стресот.Иако ја имате оваа болест дијагностицирано,треба да знаете дека е многу лесно да се живее со неа,доколку се придрвжувате на правилна исхрана и се користат пропишани лекови.

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (гликоза) во крвта. Нивото на гликоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот. Задача на инсулинот е да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и се добива енергија.

Луѓето кои страдаат од дијабетес, независно од кој тип, имаат покачени вредности на гликоза затоа што нивниот организам не може да ја пренесе гликозата во клетките. Причини за тоа може да бидат:

Недоволна продукција на инсулин од страна на панкреасот, Нарушена реакција на клетките кон инсулин;
И двете причини истовремено.
Некој од симптомите на дијабетес ќе ги наведеме тука,па доколку препознаете некој и кај вас,отидете што поскоро на лекар.

  • Зачестено уринирање
  • Нагло губење на килограми во краток временски период и немоќност да ги вратите истите потоа
  • Кај некој личности е можно пак многу да се здебелат
  • Екстремен замор
  • Константно чуство на жед и сувост на устата
  • Замаглен вид
  • Сува кожа и осип
  • Проблеми со желудникот
  • Споро заздравување на рани
  • Проблеми со концентрацијата