Баба Ванѓа, психички и исцелител стана позната по нејзините предвидувања за светските катастрофи кои се остварија. Таа стана светски позната дури по нејзината смрт, поради исполнетото пророштво за нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година.

За долг и здрав живот Ванѓа го понудила следниот рецепт:

  • Во лето треба да пешачите што е можно повеќе без чевли: контактот со земјата е многу важен.
  • Дозволете им на децата да си играат во нечистотија, за да можат што почесто да имаат директен контакт со природата.
  • Често треба да се капете во вода во која се варени лековити ливадски билки и чаеви. Вака лековитите состојки најдобро се апсорбираат директно преку кожата.
  • Еднаш неделно јадете варено жито и пијте ја неговата вода.
  • Најдобра е течната храна, со што повеќе вода и природни состојки (супи, чорби од зеленчук). Млечните производи се особено здрави.
  • Не треба да се внесува премногу храна: доколку организмот би бил создаден за тоа, ќе имавме два стомаци, а не еден.
  • Ржта е многу важна во здравата исхрана. Треба да јадете ‘ржан леб.
  • Што е можно помалку месо и маснотии!
  • Цигарите и чадот од тутун мора да се избегнуваат!
  • Можете да пиете една до две чаши ракија на ден пред јадење, за дезинфекција и подобра циркулација.
  • Намалете ја потрошувачката на шеќер на минимум.
  • Пазете се од стресот.
  • Ако можете, работете ја работата што ја сакате.