Одржувањето здрави црева е од суштинско значење за целиот организам — од варење, имунитет и хормонална рамнотежа, па сѐ до нервниот систем, велат од Cleveland Clinic.

Храна која изобилува со шеќери, заситени масти и висок степен на киселост може сериозно да го наруши микробиомот, но, среќа, постојат намирници кои можат да го обноват. Меѓу нив е чиа-семето — моќна суперхрана која дејствува и како природен пробиотик. Гастроентерологот, д-р Џозеф Салхаб, преку низа TikTok видеа го споделува рецептот за свои омилени брзи и хранливи појадоци кои го поттикнуваат здравјето на црева­та и јетрата.

Пудинг од боровинки и чиа-семе

Потребни состојки:

  • ½ шолја свежи боровинки (плус неколку за декорација)

  • ½ шолја грчки јогурт

  • 1 лажица чиа-семе

  • ½ лажичка екстракт од ванила

  • 1 лажичка мед (по желба)

  • 1 лажичка какао зрна или темна чоколада

Начин на подготовка:

  1. Издробете ги боровинките со лажица во сад.

  2. Додајте го јогуртот, чиа-семето, ванилата и медот.

  3. Добро измешајте додека не се соединат сите состојки.

  4. Украсете со свежи боровинки и какао.

  5. Покријте го и оставете во фрижидер најмалку 2 часа или преку ноќ.

Зошто е здрава опција?
Овој појадок се подготвува за само неколку минути, а изобилува со антиоксиданси, растителни омега-3 масни киселини и влакна. Д-р Салхаб објаснува дека „боровинки, какао зрна и чиа-семе ја поддржуваат меморијата, фокусот и здравата мозочна сигнализација, а истовремено ја намалуваат воспаленоста во јетрата.“

Пудинг од манго и чиа-семе — тропска варијанта

Потребни состојки:

  • 1 манго, излупено и исечено

  • 1 шолја грчки или кокосов јогурт

  • 2 лажици чиа-семе

  • 1 лажица јavorов сируп (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Иситнете го мангото во мазен пире.

  2. Додајте го јогуртот, чиа-семето и јavorов сируп.

  3. Измешајте и ставете го во фрижидер најмалку 2 часа.

Зошто е нутритивно силна опција?
Една шолја манго обезбедува 67 % од дневната потреба за витамин Ц, 20 % за бакар, како и значителни количини витамини A, E, B6 и K — совршена мешавина за енергија и имунолошка поддршка.

Зошто чиа-семето е вистинска нутритивна бомба?

  • Богато е со калциум, магнезиум и фосфор — важни за здравјето на коските.

  • Изобилува со антиоксиданси кои ја намалуваат шансата за срцеви болести и рак.

  • Содржи влакна кои ја подобруваат дигестијата, продолжуваат чувство на ситост, помагаат во регулацијата на шеќерот и холестеролот и го поддржуваат здравиот микробиом во цревата.

  • Само две лажици чиа-семе го покриваат 40 % од дневните потреби за влакна.

  • Богати се со магнезиум — важен за добар сон, опуштање на нервниот систем и правилна функција на GABA-невротрансмитерот, кој го стимулира мирот пред сонот.

  • Омега-3 масните киселини ги поддржуваат срцето, мозокот и го намалуваат воспалението.

Ако не сте љубител на пудинзи, едноставно додајте чиа-семе во овесна каша, смути, супи, салати, па и во леб или други печива. Некои го мешаат со вода и лимон за брз енергетски пијалок.