Иако на фотографиите се гледа едната „страна на паричката“, во оваа јужноазиска земја ја има и „другата страна“, каде граѓаните се занимаваат со подобро платени и ветувачки работни места.




Фотографиите кои деновиве кружат низ светот покажуваат работници од Бангладеш , вработени во производството на тули, кои носат до 500 тули дневно (по лице).




Во исто време, тие ја вршат оваа макотрпна работа за минимална заработка , а циглите најчесто ги носат на главата. Она што дополнително им ја отежнува работата се високите температури.




Работниците се фотографирани во Дака, главниот град на оваа земја и еден од најгусто населените градови во светот .




Според податоците од 2022 година, минималната плата во Бангладеш е 8.000 Бангладешки Така (БДТ) месечно, или само 75 долари. Просечната плата е 26.000 БДТ, или помалку од 250 долари.




Иако на фотографиите се гледа едната „страна на паричката“, во оваа јужноазиска земја постои и „другата страна“, каде граѓаните се занимаваат со поплатени и ветувачки работи како финансии, телекомуникации, продажба и маркетинг, медицина и фармација, медиуми, архитектура , инженерство, човечки ресурси, образование и истражување .




Во галеријата подолу можете да погледнете и како изгледа работата на ткаењето на кошниците во Бангладеш:
