Запознајте го Реџеп Кастрати кој, во потрага по љубов, купил невеста од 35 години, но наместо тоа добил девојка од 19. Како се развивала приказната?

Традицијата на албанскиот народ во голема мера била под влијание на Законикот на Лека Дукаѓини, кој го регулирал начинот на живот во минатото. Тоа е збир на норми според кои се уредувале односите, а дел од нив и денес имаат влијание. Меѓу правилата имало и такви за договорени бракови.

Реџеп Кастрати од едно село кај Призрен, кога наполнил 61 година, решил повторно да се ожени. Тој купил албанска невеста за да му биде сопруга и, според негови изјави за локалните медиуми, платил околу 3.000 евра.

Тој очекувал жена од 35 години, но наместо тоа му донеле девојка од 19 години. Приказната е уште поинтересна затоа што со првата сопруга, која починала во 2000 година, имал дури 12 ќерки.

Сите негови ќерки се омажени, а уште пред неколку години имал околу 50 внуци. Со новата сопруга Валентина го добил својот прв син, на кого му дале име Диамант.

Оваа необична приказна била актуелна пред повеќе од 10 години, а не е познато што се случува со нив денес.

Бракови меѓу Албанки 

Во последните години се почести се браковите меѓу Албанки. Мажите кои носат девојки од Албанија најчесто се повозрасни и сметаат дека така полесно ќе стапат во брак отколку да останат сами.

Младите девојки ретко остануваат во село – најчесто одат во град за образование и работа. Од друга страна, девојките од град не сакаат да живеат во село, па затоа селата се полни со неженети мажи.

Во Албанија има повеќе жени отколку мажи, па шансата жена да остане неомажена е поголема. Таму се смета за поголем срам девојка да остане сама отколку да се омажи за човек од друга вера.