Апасиев со нов сатус на својот фејсбуг:
“Внесете забуна во нивните редови, служејќи се со гневот [на народот].
Кога нивните лидери бучно се караат [меѓу себе, како Бранко и Заев] – раздразнувајте ги се’ додека не побеснат. Ќе станат непресметливи [а со тоа и ранливи] и ќе заборават на својата првобитна стратегија [оти ќе ја изгубат мерката и од инат и суета ќе одат контра народната волја].
Тогаш, со својата скромност, предизвикајте ја нивната АРОГАНТНОСТ [која е нивната најслаба точка]! Изморете ги [во Собранието] со избегнување [на нови избори до пролет, додека да пројде короната].
Направете раздор меѓу нив! Нападнете ги кога се неподготвени. Дејствувајте кога не го очекуваат тоа [и од улица и во институциите]. Удрете ги по слабо бранетите места. Нападнете ги кога се олабавени.
Не дозволувајте му на непријателот да сфати на кој начин да се организира [за да се одбрани од вашите координирани напади]…”
*Изворниот текст е на Сун Цу (V век пр. н. е.), од делото Уметноста на војувањето. Интерполациите во заградите се мои ?
#НовиотАспектНаСтаратаШкола
#АјДаСиЛегнеме
