Зорка Мартиновиќ Врбица од Даниловград во Црна Гора минатата година го прослави својот 104 роденден. По тој повод оваа постара, но симпатична и бистра баба, истакнала што и било најубавото нешто во животот, а без што не може и денес.

Баба Зорка во интервју за РТЦГ изјави дека најубавото нешто во животот и било тоа што покрај себе имала прекрасен маж.

„Што сакаш повеќе во животот“, рекла таа. Покрај згоден маж, таа истакнала уште една навика до која се придржува и денес, а без која, како што изјавила, не може да живее.

„Пијам ракија, без ракија не можам “, рече Зорка.

Од потомци има четири ќерки, еден син, како и 14 внуци и 20 правнуци. Таа истакнува дека сите се грижат за неа.

Добри се со мене, се грижат за мене“, вели Зорка. Од друга страна, нејзините најблиски наведуваат дека Зорка само ги научила на убавина и добрина.

На крајот истакна дека нема некоја посебна тајна или рецепт за долг живот, туку дека има порака за сите.

„Сè мора да биде чесно до смрт, не може поинаку. Им велам на моите деца, не земајте орев или лажица ако не е ваше“, рече Зорка на крајот од разговорот за РТЦГ.