Социјалните мрежи се место каде можеме да сретнеме секакви статуси, искажани емоции па дури и простор каде ќе наидеме на приказни во кои брат ќе моли за вработување на сопствената сестра со цел таа да остане дома, во државата.

Таков Фејсбук статус објави Марјан Петровски во јавноста познат како ДЈ-Мац.

Тој пишува дека неговата сестра која е магистер по меѓународно право и дипломатија со перфекно втор научен турски јазик на 37 години е невработена.

Марјан, во статусот додава дека би сакал неговата сестра да остане да живее во земјава и со семејството.

Ви го пренесуваме неговиот ФБ статус.

Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА со перфекно втор научен турски јазик со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво.

Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ ..

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат … ПА БИ САКАЛ ЕВЕ НА ОВОЈ НАЧИН ДА ЗАМОЛАМ,ДОКОЛКУ НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА

човек со огромен капацитет да ми се обрати. Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата
ФАЛА ВИ МНОГУ