Доктор Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари објави дека сестрите од Инфективна клиника кои се заканија со отказ биле разрешени од позициите.

Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфектовна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден,експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот, напиша Лазаров на фејсбук.
Кога се случи отказот и откако се крена “фама” во јавноста веќе следниот ден првиот човек на нашето здравство Венко Филипче побрза да ги повика сестрите на разговор.

Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, добро да се менаџира ваква криза, каква што никоја земја не ја очекуваше. Ваква криза на површина вади многу проблеми, и со тоа се соочивме од почетокот на кризата.
Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, добро да се менаџира ваква криза, каква што никоја земја не ја очекуваше. Ваква криза на површина вади многу проблеми, и со тоа се соочивме од почетокот на кризата.
Утрово се сретнав со медицинските сестри, тоа се едни од најискусните на клиниката за Инфективни болести, сега во 14 часот ќе имам средба со другите. Тоа се медицински сестри кои се присутни од кога постои зградаа, и претхно во бараките, кои посветено и пожртвувано се борат од почетокот на кризата со коронавирусот.
Свесен сум дека работат под притисок, дел од нив се исцрпени, често работат во 24 часа, и една стресна ситуација доведува некогаш и до немили ситуации како што бил случајот сега, комуникација на повисок тон. И утрово ми кажаа дека сега апслоутно сите жалат.
Ќе направам се да не дозволам било кој од јавното здравство да замине поради проблем кој може да менаџира. Се сложија дека ќе го искористат одморот, а потоа ќе се договориме за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката со коронавирусот“, рече Филипче кој ги отврди шпекулациите дека медицинските сестри веќе биле договорени со приватна клиника.
„Разговаравме отворено за сите проблеми, истакнаа дека немаат друга алтернатива. Ги прашав дали планираат да одат во приватна клиника, рекоа дека таква работа не планираат. Бидејќи ако така одлучиле, тогаш ние не можеме да се мешаме. Но после годишните одмори, ќе разговараме повторно во обид да најдеме заедничко решение, и за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката против коронавирусот.“, рече Филипче

Прашањето е што доколку е точно дека сестрите биле разрешени од своите позиции и зошто Филипче досволил такво нешто ако се земат во предвид неговите претходни изјави.
