Во подкастот на писателката Рашид Џонс, Бил Гејтс коментирал за подготвеноста на светот за идни пандемии и со какви предизвици тогаш ќе се соочи човештвото.

Основачот на „Мајкрософт“ претходно го предупредил светот дека ваква пандемија може да се случи и сега ја истакна својата визија за светот по ерата на ковид-19.

Гејтс верува дека би можело да имаме друга глобална пандемија.

“Да, но се надевам за 20 години. Но, мора да бидеме подготвени за нова пандемија за три години”, рече Гејтс.

„Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години“, додаде тој.

Иако во последните недели бевме сведоци на откривање на неколку кандидати за вакцина против корона, Гејтс верува дека елиминирањето на вирусот нема да доведе до враќање во живот каков што беше пред пандемијата.

Гејтс верува дека работните навики се промениле засекогаш откако многу луѓе во оваа пандемија искусија да работат од дома.

“Мислам дека повеќе од 50% од службените патувања и над 30% од службените денови ќе исчезнат. Ние ќе продолжиме да одиме во канцеларии и службени патувања, но во многу помала мера”, рече Гејтс.