Граѓанин на Босна и Херцеговина по грешка се качил во автобус во Хамбург, кој мислел дека ќе го врати во Холандија, но додека под дејство на алкохол ги мешал автобусите, завршил во Данска.

Како што пишува „Феникс-магазин“, во полициската станица во Фленсбург, се испоставило дека човекот од Босна имал намера да се врати од Хамбург во Ајндховен во Холандија со автобус, каде на тамошната автобуска станица го спакувал багажот во автобусот со јакна во која му останал паричникот, пасош и мобилен телефон.

Полицијата не појаснила како тој без лични документи успеал да пристигне во Хамбург, пренесува „Индекс“.

Во полициското соопштение се наведува дека во Хамбург под дејство на алкохол „заменил еден зелен автобус со друг зелен автобус“ кој возел кон Копенхаген. Тој дури сфати што направил на граничниот премин со Данска.

Додека планирал да отпатува од Ајндховен за Босна и Херцеговина, полицијата ја контактирала амбасадата во Берлин и од нив добила информации за неговиот идентитет.

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Берлин на нивниот 45-годишен човек му испратила купена автобуска карта за да може да се врати од Хамбург во Ајндховен, каде што му биле оставени работите.

За да се уверат дека 45-годишникот овој пат ќе се качи во вистинскиот автобус, германските полицајци го однеле до автобуската станица и го качиле во автобус за Ајндховен.