Брус Ли е роден во Сан Франциско, Калифорнија, во семејство со потекло од Хонгконг, но растел во Хонгконг сè до крајот на тинејџерските денови.




Кога наполнил 18 години, Ли емигрирал во САД за да се здобие со американско државјанство и со повисоко образование. Тоа бил периодот кога започнал да предава боречки вештини, кои наскоро го довеле до филмски и телевизиски улоги.




Неговите филмови со продукција од Хонгконг и Холивуд ги издигнаа традиционалните филмови со боречки вештини од Хонгконг на ново ниво на популарност и слава, и предизвикаа голем интерес за кинески боречки вештини во Западот во 1970-тите. Насоката и тонот на неговите филмови ги променија боречките вештини и филмовите со боречки вештини во Хонгконг, како и во остатокот од светот.




Тој е познат по својата улога во пет играни филма, „Големиот газда“ (1971) и „Тупаница на гневот“ (1972), во режија на Ло Веј; „Враќање на змејот“ (1972), режиран од Брус Ли; „Во змејското гнездо“ (1973) на Warner Brothers во режија на Роберт Клус и „Игра на смртта“ (1978).




Ли стана фигура позната низ целиот свет и останува многу популарен меѓу азиските народи, а особено меѓу Кинезите, бидејќи преку неговите филмови го отсликувал кинескиот национализам.




Ли првично тренирал Винг Чун, подоцна ги отфрлил добро дефинираните боречки стилови и го поттикнувал користењето на корисни техники од различни извори во духот на неговата лична филозофија за боречките вештини која ја нарекол Џит Кун До (Jeet Kune Do).




Тој е доста актуелен по социјалните мрежи и денес објави слика со неговиот син

