Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук пишува дека ни се случува Преспа 2.0.

„Ако ти се случи еднаш – случајно е, ако ти се случи и по вторпат – твоја вина е.

Нам ни се повторува Преспа 2.0 со истиот микс на „европски и балкански методи“ (што би рекол Јоханес Хан), со тоа што сега дури и не мора да им шепнат од надвор. Тие си молчат, европското знаме е смоквин лист да ја скрие голотијата на грдата купопродажба и криминално политичко пазарење.

И сите се среќни! Мислам на оние кои се богати и моќни. Народот ќе го апсат што ќе украде кебапи или ќе фрли јајце на јавен протест или ќе шири „говор на омраза“ против власта.

Нив топ не ги бие! Ние сме како овци пред кланица… И пак си молчиме, и пак Трпе и Трајче си дремат, а Ојле и Дојле се бава со своите професии и не се заинтересирани за „политика“., напиша таа.