Во последниве години, Албанија станува сè попопуларна туристичка дестинација, но сега е на добар пат да стане популарна дестинација за здравствен туризам, пред се поради ниските цени на медицинските услуги.




Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги пренесува позитивните впечатоци од задоволните гости и ја поддржува оваа развојна насока на земјата, промовирајќи ја Тирана како главен град на „убавината и насмевките“, јави националната новинска агенција АТА.




– Со насмевката на многу туристи кои ја избираат Албанија не само за одмор, туку и за посета на стоматолог, ви посакувам убава недела – вели албанскиот премиер.




Медиумите за пример ја посочуваат тиранската клиника „Патувај и насмевни се“ која на своите клиенти им нуди стоматолошка заштита и естетска хирургија под поволни услови кои ги вршат, како што велат, најдобрите лекари по цени пониски од конкуренцијата.




Туристите кои доаѓаат во Албанија поради медицински и здравствени причини доаѓаат од различни европски земји, главно од Франција, Швајцарија, Белгија…

