Во последните денови топлотен бран ја опустоши земјава, денеска во целата земја е на сила црвен метео аларм токму поради екстремните горештини, додека во некои области е вклучен и жолтиот метео аларм поради дожд и грмежи.
Ваквото време ќе трае до 18 август, како што најавуваат од УХМР, а денеска максималната дневна температура ќе изнесува 41°С.
Од УХМР предупредија и за неповолната хидролошка состојба во земјава. Во некои општини поради сушата веќе е прогласена вонредна состојба.

