Првиот снег може да го очекуваме во ноември

За неколку дена ќе има целосен пресврт. Имено, според прогнозите, ледениот арктички воздух наскоро ќе пристигне.

Следните два дена ќе биде многу пријатно време со свежи утра. Во сабота ќе пристигне студен арктички воздух кој најпрвин ќе ја зафати Србија, а до крајот на сабота ќе стигне и кај нас со постудено време и облачност. Од недела нè очекуваат вистински есенски денови, а можеби ќе ни требаат и зимски јакни, со максимални температури од 12 до 15 степени.

Тој исто така рече дека може да очекуваме уште еден излив на убаво време во октомври:

Првата недела од октомври е значително посвежа од оваа, со максимални температури од 17 до 22 Целзиусови степени, а од четврток може да очекуваме врнежи од дожд. Околу 12 октомври нè очекува краток период со убаво време, околу 25 степени, а потоа температурата ќе опадне.

Тој најави и дека претстои зима која ќе биде значително постудена од изминатите две, а првиот снег може да го очекуваме веќе во ноември.