Корисниците сега можат да испраќаат говорни пораки до 15 минути. Снимањето говорни пораки е многу едноставно и може да се прекине во секое време , со едноставно влечење и пуштање на Android или со притискање на „Откажи“ на iPhone.




Ако, по отворањето на апликацијата, пронајдете голем број говорни пораки, Viber автоматски ќе ги репродуцира една по друга .




Покрај тоа, Вибер официјално објави дека функцијата на групни видео повици ќе биде проширена на 30 учесници. Оваа промена ќе им биде достапна на корисниците ширум светот и, пред сè, е наменета за потребите на наставните активности и консултации во училиштата и факултетите, но исто така и за деловни состаноци и поголеми семејни собири.




Вибер воведе и нов приказ на екрани за видео повици за десктоп уреди и мобилни платформи, што им овозможува на корисниците полесна интеракција за време на разговорите. Функцијата ќе биде достапна за оперативните системи Андроид и iOS и ќе се применува на мобилни и десктоп уреди, а капацитетот на групни видео повици ќе биде дополнително проширен во текот на следните месеци.

