Совети за сечење кромид со што помалку солзи никогаш не се доволни!

Некој прво го лади во замрзнувач, некој го потопува во вода, некој дише преку устата со излезен јазик, а има и такви кои го „оградуваат“ кромидот со едноставна техника.

Сè што ви треба е дуксер со капуљача (малку подебел, за да држи) и проѕирен капак. Добро прицврстете го дуксерот и вметнете го капакот во капуљачата и добро проверете дали сигурно се држи од сите страни.