Дива свиња со три прасиња синоќа беше снимена како се движи низ скопската населба Водно, предизвикувајќи изненадување кај жителите.
На видеото се гледа како животните, очигледно вознемирени од возилото што ги следи и снима, влегуваат во тесна уличка во населбата која важи за една од поелитните во главниот град. Токму во овој дел на Скопје се наоѓаат и поголем дел од странските амбасади во Македонија.
Настанот повторно ја отвора темата за сè почестото појавување на диви животни во урбани средини, особено во населбите кои се граничат со шумски и планински предели.
