Александар Вучиќ победи на изборите во Србија, а потоа одржа прес-конференција, која беше прекината поради мобилниот телефон на еден од неговите соработници.

Вучиќ се изнервирал поради мобилниот телефон и ја прекинал конференцијата за да го избрка лицето на кое му заѕвонило телефонот.

„Само излези… Излези… Кој и да си, само излези. Нема оправдување, не сакам да си играм со тоа. Може ли да те замолам да излезеш? Нема да продолжам додека не излезеш надвор…“, рекол Вучиќ во исклучително тензичната атмосфера која настанала на конференцијата.