Поради оваа изјава, започнаа опасни критики на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат зошто тоа го прави за себе.




Откритието на Викторија Бекам дека нејзиниот омилен оброк на сите времиња е направен на тост леб направен од цело зрно пченица, ги остави фановите во неверување.
За време на објавувањето, поранешната „Спајс девојка“ опиша како претпочита да јаде тост со малку сол или евентуално зеленчук на пареа со балсамикo.




„Тоа е јаглехидратот што прави да се чувствуваш удобно, и јас го сакам“, рече Бекам.
Во својата исхрана, Викторија секогаш ја одделува храната богата со јаглени хидрати од оние што се полни со протеини.
– За повеќето ресторани, веројатно сум најлошиот кошмар. Сакам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путери или сосови – откри таа.




Зборувајќи за нејзината необична диета, таа изјави дека дури и Гордон Ремзи, многу добар пријател на Бекамови, рекол дека никогаш не видел никој толку дисциплиниран во однос на начинот на кој јаде.
– Сакам да пијам со вечера и можам да станам многу добар гостин на вечера – тврди Викторија.
Позната по својата беспрекорна линија, таа претходно изјави дека секојдневното вежбање стана рутина.




– Вежбам секој ден – го гледам како четкање на забите, тоа е нешто што вообичаено го правите. Обично прво трчам потоа тренирам според програмата на мојот тренер – рече таа.




Трчањето е исто така и нејзината омилена кардио активност, па затоа трча од осум до 10 километри речиси секој ден. Викторија сака и јога, па затоа вежба според програмата за јогалософија.
