Комбинацијата од сезонски зеленчук најбрзо ја враќа силата.

Неопходно е:

  • 1 пиперка
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 1 мал компир исечен на коцки
  • 1 целер
  • корен од магдонос исецкан на коцки
  • малку брокула
  • мала лименка грашок
  • грст боранија
  • масло
  • сол бибер
  • 50 гр ориз
  • лист магдонос

Подготовка:
Прво, на масло испржете ситно исечен рендан кромид и исечкан морков.

Кога ќе се свари, додадете компири исечени на коцки и целиот друг зеленчук. Истурете вода и варете 20 минути.

Додадете ориз и варете уште 10 минути.

Додадете пиперка и на крај сецкан магдонос.