Владата уверува дека навремено се започнати процедурите за набавка на вакцини против ковид-19 и дека ќе стигнат во првите месеци од 2021 година, но не знаеме дали Април спаѓа во „првите месеци“?.
За прием, чување и аплицирање на вакцините против Ковид-19, Владата им наложи на МВР, здравство и другите надлежни инсистуции за седум дена да подготват акциски планови, а Министерството за финансии предлог-измени во Законот за јавни набаки за да се олесни процедурата во набавките на вакцините. Од Влада велат дека вакцините ќе стигнат во првите месеци од 2021 година, но кога точно се уште не се знае. Нарачани се 833 илјади дози преку Ковакс системот, а се очекуваат и најавените донации од Грција и Бугарија, кои како членки на ЕУ првите дози ќе ги добијат овие денови.
-За најавата за донација на вакцини од Бугарија, премиерот Заев му се заблагодари на неговиот бугарски колега Борисов, за, како што напиша на фејсбук, хуманиот гест и чинот на пријателство. Одговор на коментарот даде Борисов.. Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против ковид-19, напиша бугарискиот премиер.
Одлуката за донација од соседите, ја поздрави и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Сепак, ВМРО ДПМНЕ побара одговори од минситерот за здравство Филипче зошто земјава е помалку организирана за справување во вирусот и набавка на вакцини за разлика од другите кои исто така се само земји-кандидати за ЕУ.
-Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да започне вакцинацијата. Значи кога речиси сите веќе набавија вакцини и стартуваа со вакцинација против корона, Филипче не знае каде тера. Прво, Филипче рече вакцина за корона ќе имало на почеток на следната година, за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се случи во март,изјави Марија Андоновска – ВМРО ДПМНЕ.
Според планот на здравствените власти, превдидено е вакцината први да ја примат медициснките лица, хронично болните и повозрасните граѓани како приоритетни и најзагрозени категории
