2022 година беше предизвикувачка година на пазарот на автомобили, и нови и користени. Автомобилската индустрија сè уште не закрепнала од пандемијата, а во последните 12 месеци се случија многу возбудливи работи. carVertical, платформа за проверка на историјата на автомобилите, носи информации и најинтересните статистики за 2022 година, пренесува N1.

Во текот на минатата година откриени се повеќе од 7,4 милијарди вратени километри. Во просек, 15,2 отсто од автомобилите имале лажни отчитувања на километражата. Затоа, криењето на вистинската километража е еден од најсериозните проблеми на пазарот на половни автомобили, што доведува до значителни финансиски проблеми при поседување на такви возила.

Според платформата, купувачите на возила произведени помеѓу 2010 и 2013 година имаат најголем ризик да купат автомобил со вратена километража. Речиси секое десетто возило произведено во 2011 година има лажна километража (9,2 отсто од сите возила), а во ризик се и автомобилите произведени во 2012 и 2013 година, со 8,6 отсто и 7,9 отсто од возилата со вратена километража.

Дали и ВИЕ СТЕ СЕ СООЧИЛЕ СО ВАКВА ИЗМАМА? ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!