Во наредните денови ќе биде под влијание на силен антициклон. Ова поле на висок воздушен притисок над нашето подрачје ќе услови стабилно, ведро, но и многу топло време за овој период од годината бидејќи од запад и југозапад ќе пристигне многу топла воздушна маса.

Во исто време, влажните воздушни маси со врнежи нема да можат да навлезат во Европа и да стигнат до нашето подрачје, а овие системи ќе ја заобиколат Европа и ќе се движат многу подалеку на север.

Утре не очекува умерено облачно и потопло време, повремено со подолги сончеви интервали. Претпладне се очекува слаб мраз, а на места и магла. Ќе дува северозападен ветер во југоисточен. Утринската температура ќе биде од минус три до два степени, во Скопје од минус еден до еден, а максималната дневна ќе биде од осум до 12 степени.

Ведро и студено во четврток и петок претпладне, со голомразица, особено во четврток. Во текот на денот ќе биде сончево и многу топло, со реални пролетни температури. Минималната утринска температура во четврток ќе биде од минус пет до нула степени, во петок малку повисока утринска. Максималната температура во четврток и петок во поголем дел ќе биде од 13 до 17 степени.