Крушево во моментов е единствениот град во државава каде нема активни случаи на ковид-19, а од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистррани 20 случаи.

Според последните податоците на Министерството за здравство во земјава досега се регистрирани се 21 193, бројката на оздравени пациенти е 16 397, на починати е 800. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 996 на ниво на целата територија.

Повеќе содржини: Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје, ведро со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До четврток претпладне ќе има краткотрајно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во петок преку денот.