Во услови на пандемија реализиравме 446 нови вработувања во јавното здравство. 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добија статус на вработени на неопределено време.




Со вложувањето во човечкиот капитал не застанавме и во време на КОВИД-19. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство.




Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.




Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега.
