Една девојка одлучи да му приреди на своето момче изненадување што никогаш нема да го заборави.




Пол и Алиш беа во врска со години и за тоа време, тој неколку пати ја замоли да се омажи за него. Сепак, Алиш не се согласила со ниту еден од неговите предлози.




И тогаш одлучи да му приреди необично изненадување: Организираше лажна венчавка за двајца пријатели, каде што Пол требаше да биде кум.




Кога младиот човек дојде на местото каде што требаше да се одржи наводната венчавка, имаше што да види – неговата девојка стоеше облечена во венчаница. Потоа го зела микрофонот и почнала да пее, а потоа клекнала на колена и го запросила.




Во објавеното видео, Пол по предлогот вели: „Не!“ и бега, но наскоро се премислува и се враќа со бакнеж и прегратка.




– Последните две години тој ме побара да се венчам околу 30 пати на ден, а јас веќе бев двапати во брак и се двоумев за тој чекор, но конечно се осмелив – рече Алиш.
