Откако дознал дека неговиот роден град го погодил земјотрес, голманот на Галатасарај, Исмаил Чипе, тргнал кон Хатај за да го спаси своето семејство.




Чипе патувал со автомобил од Истанбул до Кахраманмарас повеќе од 20 часа.




„Од Истанбул до Хатај ми требаа 21 час, патиштата беа многу лоши. На денот на земјотресот, татко ми и мајка ми излегоа од урнатините околу пладне, а еден час подоцна од урнатините беа извлечени сестра ми и братучетка ми. Тоа беше зграда од шест ката, а од неа останаа само две“, опиша голманот на Галатасарај за турските медиуми, а потоа продолжи:




„Додека поминував покрај урнатините, ги слушнав врисоците на луѓето под нив. Екипите веќе беа под урнатините и ништо повеќе не можеше да се направи. Некои луѓе се вратија во своите домови да си ги соберат работите, а по вториот земјотрес повторно останаа заробени во урнатините. Многумина ги загубија животите…“, изјави Чипе.




„Мојот 16-годишен братучед си ја скрши коската на рамото. Бетон паднал врз него додека бил во кревет. Сега е во болница, но во добра состојба. Моето семејство е добро, но имаме роднини под урнатините и се уште не сме се слушнале со нив“, вели голманот на Галатасарај.
