Вториот топлотен бран летово ги натера климатизерите да работат речиси деноноќно. Покрај високите сметки за струја, дали некои луѓе може да добијат и парична казна – затоа што климата капе по главите на минувачите.

Најмногу поплаки има во главниот град.

Водата од клима уредот не треба да истекува на јавни површини, а камоли на главите на минувачите. Поради ова, комуналната инспекција десетици пати излегувала на терен.

Инаку, генерално нема причина клима уредите да работат 24/7. Експертите советуваат уредите за ладење да се вклучуваат само кога температурата на надворешниот воздух е над 30 степени.

Кога надворешните температури се пониски, поволните микроклиматски услови може да се обезбедат со природно проветрување на затворениот простор.

Оптималната температура на внатрешниот воздух во текот на летниот период треба да биде 5-10 степени пониска од температурата на надворешниот воздух.