Во есенскиот период, кога врнежите се чести, многумина од нас се враќаат дома со влажни стапала. Некогаш ве фаќа пороен дожд, а не сите обувки се водоотпорни, но одличната вест е што може да биде.




Сè што ви треба за да ги направите водоотпорните обувки веќе дома!




За да ги заштитите чевлите, а со тоа и стапалата од дожд, потребен ви е восок, а може да послужи и свеќа која сигурно ја имате дома. Темелно тријте ги чевлите со восок или свеќа, внимавајќи да го поминете секој дел од чевлите. И не грижете се дека чевлите во таа прилика добиваат малку поинаква боја, бидејќи така нема да остане до крај, пишува Mondo.rs.




Кога ќе ги истриете чевлите со восок, вклучете го фен и насочете го топол воздух во чевлите, додека восокот не се стопи, а тоа ќе го знаете по тоа што чевлите ќе ја вратат старата боја.




И еве, со малку труд, спремни сте за секој дожд! СПОДЕЛЕТЕ ЈА ОВАА СТАТИЈА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!
