Соништата понекогаш знаат да бидат живописни, темни, научно-фантастични, многу реални, бизарни, па дури и малку апстрактни.

Нашите соништа сè уште се мистерија до ден-денес. Знаеме дека нашиот мозок конструира соништа од настани и спомени кои сме ги доживеале и ги комбинира со потсвесни конструкции, односно ги спојува нашите сеќавања кои сме ги стекнале години наназад и ги меша со емоции, трауми, чувства и сеќавања на различни детали.

Понекогаш соништата можат да бидат шарени, темни, научно-фантастични, многу реални, бизарни, па дури и малку апстрактни, но ретко се сеќаваме на соништата, а Mindbodygreen ви носи неколку причини зошто вашата меморија кога се во прашање соништата навистина не ви служи.

Стресот

Некои студии покажаа дека стресот многу лошо влијае на нашиот сон, ја скратува нашата РЕМ фаза и не буди неколку пати во текот на ноќта, па така драстично влијае на нашата меморија и речиси никогаш нема да се сеќаваме на нашиот сон.

Исхрана

Исто така, познато е дека мрсната, пржената, тешката, зачинета храна, како и цитрусното овошје и газираните пијалоци, влијаат на квалитетот на сонот и многу го оптоваруваат телото во текот на ноќта и често знаат да не разбудат.

Траума

Само стресот е доволен да ни го наруши сонот, но траумите се многу полоши од стресот и носат несоница или во најдобар случај „лесен“ сон од кој нагло и брзо се будиме. Исто така, кошмарите се вообичаени со траума, а мозокот има тенденција да ги елиминира таквите спомени од својот систем што е можно поскоро.

Стимуланти

Многу научници советуваат да не консумирате кофеин, никотин, марихуана или дрога пред спиење, бидејќи сето тоа може да ви го наруши сонот. Алкохолот, на пример, ви помага да заспиете, но ќе ве разбуди исто толку брзо и нагло кога вашето тело ќе се обиде да го свари, како и кога ќе престанат неговите ефекти. Кофеинот, од друга страна, нема да ве остави да заспиете.

Нарушувања на сонот

Веќе ја спомнавме несоницата, но таа не е единствената што влијае на вашата меморија. Апнеата и нарколепсијата исто така може да го нарушат РЕМ спиењето, а според некои дури и ‘рчењето.

Ненадејно будење

Речиси никогаш нема да се сеќавате на сонот ако ненадејно се разбудите. Најдобар начин вашиот сон да остане во вашата меморија е полека да се будите и фазата во која на почетокот изгледате зашеметени, односно периодот во кој мозокот сè уште го обработува она што сте го сонувале.

Занемарување на соништата