Два дена пред смртта напишала краток водич за среќа: Ова се најважните работи во животот…
Среќата навистина се наоѓа во малите нешта.
Токму тоа ни го потврдува и овој краток водич кој 18-годишната Џес Ферклуг го напишала пред својата смрт. Би се изненадиле колку малку им е потребно на луѓето за да почувствуваат вистинска и неизмерна среќа.
Оваа девојка, која боледувала од редок облик рак на коските, решила да ја сподели својата голема мудрост со светот, оставајќи нешто важно зад себе. Нејзината листа која е наречена „Нештата кои моментално се најважни“ го обиколи светот и замисли многу луѓе. Погледнете за што станува збор.
Поминувајте време со пријателите и семејството. Водете дневник, бележете ги спомените преку зборови, снимки и фотографии. Заменете ги лошите нешта со добри. Читајте, слушајте, разговарајте, а потоа пишувајте и создавајте музика.На крајот од оваа листа стои и пораката која секојдневно ги инспирира нејзините најблиски, како и оние кои никогаш немале среќа лично да ја запознаат.
Токму овие нешта се оние кои нè прават среќни и затоа верувам дека тоа е тајната на животот. Бидете среќни и обидувајте се да бидете добри кон другите, без разлика колку невозможно ви изгледа тоа.
