Густав Бернардо (15) и неговиот брат Габриел (11) се удавија во Атлантскиот Океан во близина на бразилскиот град Марагоги, каде што беа на летен одмор со семејството.

Според првите информации тие се удавиле од силни струи, а нивните тела набрзо биле пронајдени и било утврдено дека се прегрнале непосредно пред трагично да го загубат животот.

До несреќата дошло откако Густав, Грабиел, нивниот татко и братучед (16) заедно влегле во океанот да пливаат.

Тие на летен одмор во Марагога дојдоа од нивниот дом во Сао Паоло само еден ден претходно. Неколку минути откако влегле во водата, почнале силни морски струи.

Нивниот татко се обидел да им помогне, но за жал успеал само да го извлече својот братучед кој се држел за блиската карпа. Меѓутоа, тој не успеал да ги спаси своите два сина и за малку се удавил.

Браќата исчезнале од видното поле и била повикана брза помош.

Портпаролот на противпожарната служба, полковник Клеменс, изјави дека телата на момчињата се пронајдени на шест метри под вода на морското дно по неколкучасовна потрага.

Тие биле пронајдени во прегрнати поза на дното на морето.