Љубовта не познава години.
Михаела Матсон од Небраска (САД) преку интернет го запознала својот 53-годишен вереник. Нејзе и се допадна неговата слика, па почнаа секојдневно да се допишуваат. Вилијам живее во Канада, па не беше лесно да се организира нивниот состанок.




– Планот ми беше да одам да го видам, но не и да и кажам на мајка ми каде сум. Мислев дека само ќе и оставам порака, но Вилијам инсистираше да им кажам пред да заминам – изјавила 19-годишната Михаела.
Кога родителите дознале, и рекле на Михаела веднаш да ја прекине врската. И го земале пасошот и ја однеле на психолог. И покрај противењето на родителите и психологот, Михаела поднела барање за нов пасош.




Таа прелета речиси две илјади километри за да го види. Тие двајца сега се свршени.
- Кога ме пречека на аеродром, ме натера да се чувствувам како дома. Оттогаш ни е прекрасно“, рече Михаела.
- Ме запроси пред неколку месеци, а подобар сопруг не можам да замислам за себе – изјавила таа




Таа верува дека нејзините родители на крајот ќе се помират со тоа и ќе и простат.
Се трудиме да не се грижиме за тоа. Неколку пати мислеа дека сум негова ќерка, но јас гордо им кажувам дека тоа е мој вереник. Луѓето потоа се извинуваат, а нам ни е многу смешно – додаде таа.




Иако нејзините пријатели не разбираат што е заедничко за двајцата, Михаела вели дека и двајцата сакаат музика, автомобили и европска кујна.




На некои луѓе им е тешко да ги разберат врските каде разликата во години е голема, но јас и Вилијам сме многу среќни. Едвај ја чекаме нашата венчавка – рекла Михаела.
