Дедото бил во продавница со внукот кој цело време врескал. Воодушевена жена гледаше сè и објави што направила.




Ако некогаш сте посетиле продавница со вашето дете и сте одбиле да му купите се што ќе посака, сигурно сте наишле на врескање и плачење, односно на излив на гнев од вашето дете.




Оние кои го набљудуваат сето тоа често ги критикуваат родителите бидејќи сметаат дека не го воспитале добро детето, а родителите во овие ситуации се плашат да не ги изгубат нервите. Во таква ситуација, можете да останете смирени ако го копирате методот на дедо.




Брајтсајд го објави искуството на една жена која набљудувала дедо со внук што вреска во продавница за храна. Момчето најпрво сакало бисквити, потоа овошје, житарки, сок и на крајот чоколади.




„Очигледно беше дека на дедото не му е лесно. Но, додека ги вадеше работите од полиците што ги запиша на лист хартија, со мирен глас рече „полекај Алберт, нема да одиме долго“ и продолжи со шопинг“, рекла една жена која сведок на ситуацијата.




По неколку минути детето повторно почнало да вреска, а дедото повторил: „Во ред е, само уште неколку минути, Алберт. Издржи и да одиме“.




На излезот од продавница детето почнало да фрла работи од количката. Дедото повторно рече: „Не грижи се, Алберт. Наскоро сме дома.




Импресионирана од смиреноста на дедото, жената му пришла и го прашала која е неговата тајна.




„Господине, вие сте супер. Не знам како успеваш да останеш смирен. Алберт е навистина среќен што има таков дедо“.
Дедото се насмевна и рече: „Ви благодарам госпоѓо, но грешите. Јас сум Алберт. Малиот се вика Стив“.
