Македонската православна црква и верниците го празнуваат денот на светите апостоли Олимп, Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј.

Сите беа од Седумдесетте апостоли. Последните три се споменуваат и на друго место, и тоа: Родион на 8 април, Сосипатар на 28 април и Терциј на 30 октомври.

Св. Олимпик и Родион биле следбеници на апостол Петар; а кога страдаше Петар, страдаа и тие, бидејќи според заповедта на Нерон требаше да бидат отсечени.

Ераст најпрвин бил благајник на Ерусалимската црква, а потоа епископ во Палестинската Панеада.

Кварт бил епископ во Бејрут; многу пострада, но и мнозина приведе во верата Христова.

Сосипатар бил епископ во Иконија; а Терциј бил втор епископ во истиот Иконија. Духовно се бореа, победуваа и се закитија со венци на слава.

Според народните верувања, денес сите болни им се молат на овие светци затоа што носат исцеление.