Православните верници и МПЦ денес го одбележуваат денот посветен на Свети Тарасиј, цариградски патријарх.
Тој се родил во Цариград и живеел на царскиот двор. Студирал книжевност и филозофија и во тоа толку се истакнал што станал советник на царот и сенатор, заземајќи високи позиции на дворецот.
Во тоа време владеел царот Константин заедно со својата мајка, а на престолот се искачил кога имал само десет години.
Додека владеел неговиот татко Лав, траела иконоборечката ерес, која се проширила низ целиот град и околината. Тогашниот патријарх Павле бил немоќен да го обнови православното почитување на иконите, па решил да се повлече од службата.
Набргу се разболел и починал. По неговата смрт, царот и царицата сакале Тарасиј да ја прифати патријаршиската должност, за да помогне во победата на православието над ересите.
Во негово време бил свикан Седмиот вселенски собор во Никеја во 787 година, каде било осудено иконоборството и повторно било утврдено почитувањето на светите икони. Тарасиј бил многу милостив кон сиромашните и немоќните – им градел засолништа и им давал храна.
Свети Тарасиј бил решителен во одбраната на верата и моралот. Дури го осудил и самиот цар кога ја избркал својата законска сопруга Марија и довел роднина да живее со него.
Тој не сакал да му даде благослов за венчавка и го советувал да не го прави тоа.
Пред смртта, сведоци раскажуваат дека го виделе како им одговара на демоните дека не е виновен за тој грев. Кога веќе не можел да зборува, почнал со рацете да се брани.
Кога починал, неговото лице засветлело како сонце. Се упокоил во 806 година. Со Црквата управувал дваесет и две години и четири месеци.
Според народното верување, ако денес замислите желба, таа многу брзо може да ви се исполни.
Ова се зборовите кои денес треба да се изговорат:
„Вистината на работите му ја објави на твоето стадо како правило на верата, образец на кротост и учител на воздржание. Затоа со смирение стекна високи почести, а со сиромаштија богатство. Оче Никифоре, моли го Христа Бога да ги спаси душите наши.“
