На 19 февруари 1995 година, кога Светлана Ражњатовиќ и Жељко Ражњатовиќ се венчаа беше направена гламурозна веселба во хотелот Интерконтинентал. Меѓутоа, сите гости паметат една работа.




Брачниот пар ја прекинале веселбата и ја напуштиле свечената сала. Минута претходно младоженецот се обрати на гостите кои биле изненадени и објаснил поради што тие решиле да заминат.
„Драги гости, во име на мојата сопруга и во мое име ви се заблагодарувам и ни беше голема чест што бевте на нашата животна свеченост, на нашата венчавка. Како што знаете и обичаите налагаат некои работи, а тоа е дека младоженците мора први да излезат, зашто имаме уште многу работа“, порача тогаш Аркан.




Свадбата на Цеца и Аркан до ден денес важи за свадба на деценијата. Предизвика многу внимание кај светските медиуми, но никој не знаеше што мораше Аркан да направи пред да се ожени со Цеца!




Балканската дива Светлана Величковиќ се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година. Пред самото венчавање, младоженецот пред склопување на бракот морал да добие благослов од Црквата, затоа што Цеца беше помлада од него 21 година, а претходно Аркан беше повеќе пати женет.




По советот на црквеното лице Живојина Тодоровиќ, тој упати молба за бракот да му биде одобрен. Свадбата на Цеца и Жељко ја следеа две медиумски куќи од Велика Британија и Америка, BBC i CNN. Вкупната цена за свадбата, според пишувањата на српските медиуми изнесувала околу 100.000 марки. Тоа го платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.




Жељко Ражнатовиќ – Аркан беше водач на паравоената формација Српска доброволна гарда којашто делувала во војната на просторот на бивша Југославија. Аркан има дебело досие како истакнат „криминалец“ во западна Европа.
Жељко е роден во Брежица, мало место во Словенија. Неговиот татко Велко бил офицер на воздухопловството во ЈНА. Аркан живеел со својата мајка која била само комунистичка активистка заедно со своите три сестри.




Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност.
Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата, а според другата тоа има политички интерес.
