Марк и неговата сопруга Ана го очекуваа четвртото дете. Марк бил особено возбуден бидејќи по три ќерки требало да добие син, но тоа што се случило не било како што очекувал.




Марк бил со сопругата на породувањето и нетрпеливо го чекал синот, или така си помислил – Штом се роди детето, многу јасно беше дека јас не сум таткото. Детето беше црно. Бев апсолутно шокиран. Не само што дознав дека детето што толку го очекував не е мое, туку дознав и дека жена ми ме изневерува – напиша Марк на Редит.




Марк никогаш не помислил дека вакво нешто може да се случи бидејќи нивниот брак функционира толку добро.
Како што вели, биле неверојатно блиски, важеле за најдобри пријатели кои делат слични вредности, интереси и хоби.




Така, кога Ана неочекувано забремени на почетокот на оваа година, Марк ниту еден момент не се посомнева дека нешто чудно се случува. -Кога дознавме дека ќе имаме уште едно дете, беше изненадување бидејќи мојата сопруга реши да има само три деца, иако јас секогаш сакав повеќе. Затоа бевме многу внимателни, но бев воодушевен кога ја слушнав оваа вест – објасни Марк.




Така, Марк бил целосно уништен кога открил дека не само што не е биолошкиот татко, туку дека и неговата сакана сопруга го изневерувала.




Ана запознала маж во клуб каде се расположиле. Размениле телефонски броеви, за повторно да се видат, но тогаш Ана открила дека е бремена и мажот и го блокирал бројот. -Се обиде да ме смири и ми кажа дека тој ништо не и значи, дека згрешила и дека сака заедно да го воспитаме нашиот син. Но, не можев повеќе да останам со неа – откри Марк.




Дури и родителите на Ана, кои според Марк се отворено расисти, му понудиле да му платат адвокат за да го добие старателството над децата. Му рекле и дека парите што ги штеделе за Ана сега ќе одат кај нивните ќерки, бидејќи не можат да се помират со црнец внук.




Дури и побараа да го даде момчето на посвојување, што таа го одби. Неколку пати и се заканувале дека ќе ја отстранат од тестаментот доколку не го стори тоа, што на крајот го направиле затоа што одбила да го остави синот“, рекол Марк.
