Некои видови кафе имаат поголема концентрација на киселина која може да го вознемири чувствителниот стомак, особено ако консумирате повеќе од една шолја од овој пијалок дневно.




За да ја неутрализирате киселината и да го олесните варењето, можете да користите магичен бел прав – сода бикарбона!
Сода бикарбона или натриум бикарбонат е одлична природна помош за неутрализирање на киселината во организмот, што може да настане поради прекумерно консумирање слатка и масна храна.




Малку сода бикарбона во кафето (или 1/8 лажичка на литар од вашиот омилен пијалок) е еден вид народен лек за неутрализација на киселина на Запад.
Оние кои го пробале тврдат дека вкусот на овој прав не се чувствува во такво кафе. Иако комбинацијата на кафе и сода бикарбона не е позната на нашите простори, експертите тврдат дека навистина може да ја спречи појавата на киселост во организмот.




Сепак, треба да се има на ум дека сода бикарбоната во кафето може да има некои несакани ефекти врз организмот – зголемена појава на гасови, намалување на апсорпцијата на калциум и општо влијание врз варењето, предупредува нутриционистот Марија Андријашевиќ.




Можеби не сте знаеле, но најлошата комбинација е всушност кафето и млекото, белиот пијалок ја зголемува киселоста на телото, па луѓето кои имаат чувствителен стомак треба да избегнуваат да пијат кафе на овој начин.
