Познатиот доктор Нико Беќаровски повторно алармира за ризикот за минувачите кај скопските Клиники.
Имено, тој потсети дека сè уште не се знае кој е одговорен за санација на срушениот потпоред ѕид.
– На 10 јуни 2024 година се сруши дел од потпорниот ѕид на ул. Белградска над комплексот на Клиниките. Секој ден стотици коли преку оваа улица влегуваат и излегуваат од Клиниките и се сведоци дека улицата полека, но сигурно се распаѓа и прашање на ден е кога следниот поголем пороен дожд комплетно ќе го сруши преостанатиот асфалт. И по 300 дена сè уште не знаеме кој е надлежен и чија обврска е реконструкцијата на оваа улица, сподели доктор Беќаровски.
– Ако нема надлежен во градов и државава, да го викнеме господинот Александар Вучић, можеби поради името на улицата ќе се смилува да ја реконструира, пред да биде предоцна, алармира познатиот доктор кој секогаш е гласниговорник за проблемите во општеството.

