Докторката Марија Хаџи Лега која во моментов работи и живее во Абу Даби,Обединети Арапски Емирати за Канал 5 раскажува за стартот на вакцинацијата против ковид- 19 во Абу Даби со кинеската вакцина.

Кинеската вакцина за заштита од КОВИД 19 „Синофарм“ од среда почнаа да ја прима населението на Абу Даби. Македоснката докторка по гинекологија и акушерство Марија Хаџи Лега која живее и работи во Абу Даби објаснува дека први кои почнале да ја примаат одобрената кинеска вакцина се докторите.

Таа објаснува дека во трета фаза е испитувањето кај волонтери и руската вакцина. Според стратегијата по пет илјади луѓе ќе ја примаат вакцината дневно. Вакцината не е задолжителна, но има голем интерес кај населението.
![]()
Хаџи Лега објаснува дека мерките освен носење задолжително на маска и дистанца, има големи ограничувања во движењето. Многу се строги патувањата во самите Обединети Арапски Емирати. Ако патувате од Абу Даби кон Дубаи мора да имате тест.
Тестирањата се прават во голем број. Во болницата Данат Ал Емарат каде работи на две недели се прават тестирања. Оние кои се во изолација се следат со часовници кои им ги доделуваат тамошните власти.
Од старот на епидемијат досега во Обединетите Арапски Емирати заразени со КОВИД 19 се скоро 184 илјади луѓе на девет милиони луѓе, а починале 609 луѓе. Досега се направени вкупно 18 милиони тестирања.
