Доктор Горан Трајковски од Скопје – најпопуларниот македонски доктор објави дека е позитивен на ковид. Тој вчера ја примил и бустер дозата, односно трета доза вакцина, но сепак откако денес се почувствувал малаксано и правел тест, дознал дека е позитивен.

Од ризик фактори, д-р Горан откри дека има воспаление на тироидната жлезда односно Хашимото тироидитис, но со оглед на примените вакцини се надева на добар исход.

Доктор Горан за првпат денес позитивен за SARS-COV2 (PCR i брз тест).
Од ризик фактори имам автоимуна болест(Хашимото тироидитис).
Вчера се вакцинирав (3та доза), денес се осетив малаксано и брзиот тест кој го правиме секој ден на работа излезе позитивен. Потоа и PCR тестот.

Ќе видиме каков ќе биде текот на болеста, ќе ве известувам и се надевам на добар исход без последици“ – напиша тој споделувајќи фотографија од позитивниот тест и една од моментот кога примал вакцина.

Инаку, доколку сте активни на Инстаграм, сигурно веќе го знаете @doktor.goran. Станува збор за доктор Горан Трајковски од Скопје, или постручно специјализант по интерна медицина во Баварија, со осврт на интензивна нега, ургентен центар, кардиологија, гастроентерологија и палијативна нега. Неговата популарност драстично се зголеми за време на пандемијата на коронавирус, и тој стана најпопуларниот доктор во нашата земја на оваа социјална мрежа, со над 42.8 илјади следбеници, чија бројка од ден на ден расте.