Водечкиот американски епидемиолог изјавил дека по смртоносниот британски сој на ковид-19 ќе стане доминантен сој во Америка и дека може да ја погоди земјата како ураган, пишува Гардијан.

Оваа загрижувачка прогноза доаѓа откако вкупниот број на случаи во Америка надминал 26 милиони, а бројот на смртни случаи се приближува до црната бројка од половина милион.

Според Центарот за истражување на универзитетот Џонс Хопкинс, САД е водечка земја по бројот на смртни случаи од коронавирус.

Шефот на Центарот за истражување и политика на инфективни болести на Универзитетот во Минесота и епидемиологот Мајкл Остерхолм, кој е во советодавниот одбор на новоизбраниот претседател Џо Бајден, рече дека Америка треба да се подготви за ширење на новиот сој на корона оваа пролет .

Говорејќи во емисијата „ Meet the Press “ на NBC, Остерхолм рекол дека зголемувањето на бројот на заболени со новиот сој од Велика Британија веројатно ќе се случи во следните шест до 14 недели.

Остерхолм апелирал до администрацијата и рекол дека што е можно побрзо да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, барем со првата доза, особено оние над 65 години, бидејќи на тој начин, рече тој, ќе се избегне уште поголема криза поради новите соеви.

„Тој ураган доаѓа“, вели Остерхолм, објави „Гардијан“.