Помладата ќерка на Жељко Митровиќ, Андреа, вчера го прослави својот 22 роденден. Целото семејство се собра во Монте Карло, а Жељко и Милица дадоа се од себе овој ден да и биде незаборавен на нивната сакана.

Покрај тортата со бројот 22, имаше и балони во форма на срциња, но и видео со семејни фотографии кои посебно ја разнесоа роденденската девојка. Несомнено е дека во декорацијата имала рака Милица Митровиќ, која е позната по љубовта да му угодува на семејството.

На ред дојдоа подароците, меѓу кои имаше и скапа чанта од брендот Хермес, чија вредност се проценува на околу 50.000 евра, од што Андреа беше повеќе од воодушевена.

Покрај нејзината мајка, татко и сестра, на роденденот на Андреа присуствуваше и нејзиното долгогодишно американско момче Шон Парнет, како и нејзината сестра Кристина, која неодамна раскина со милијардерот Илја Рискин.

Инаку, Жељко Митровиќ деновиве е зафатен на повеќе полиња. Покрај изградбата на импозантна вила на Дедиње, тој е вклучен и во неговите проекти и хуманитарни акции кои често ги спроведува и ги радува срцата на децата сирачиња.

Како Митровиќ го прослави роденденот на Андреа на видеото можете да погледнете ТУКА.