За време на уривањето на зграда во Антакија, градежен работник кој работел на расчистување на урнатините, за секунда ја избегнал смртта скокајќи од багерот. Се е снимено од камерите.

Ведат Јилдирим – работник во градежна компанија – го напушти родното село за да учествува во чистењето на урнатините и зградите погодени од земјотресите. Токму таквата ситуација можеше да го чини живот.

Турските медиуми објавија видео на кое се гледа како Јилдирим скока од багерот на кој се урна зградата во последната секунда.

Погледнете како изгледаше се во видеото: